Во писмена реакција која се однесуваше на прес конференцијата на СДСМ за протестите во Ѓорче Петров, владејачката партија ВМРО ДПМНЕ испрати соопштение во кое за немирите ги обвини опозицијата, но и медиумите кои според нив биле „блиски до опозицијата“
-Прес конференцијата на СДСМ и по содржина и по однесување, дава јасна порака дека СДСМ не само што ги злоупотребува овие настани, туку заедно со своите медиуми блиски до нив, се обидуваат да исценираат и инспирираат насилство помеѓу граѓаните.
-Во минатите денови СДСМ, заедно со своите медиуми, упорно работеа на подигнување на тензиите кај Македонците. Од денес гледаме втора фаза, во која што медиумите на СДСМ продолжуваат да подигнуваат тензии кај припадниците на албанската заедница во Република Македонија. Сакаат да креираат конфликти.
-Очигледно е дека оваа партија продолжува со политиките на креирање на конфликти, конфронтации и насилство, се вели соопштението на ВМРО ДПМНЕ.




