НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опозицијата се повлече од Собранието, бараат брзи предвремени избори

0
By НОВА ТВ on November 11, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демократијата е поразена, порача вечерва потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски откако опозицијата не успеа да обезбеди кворум за работата на денеска закажаната седница на Собрание, на која единствена точна на дневен ред требаше да биде гласање доверба на Владата. Причината за ова беше отсуството на пратеникот од Движењето Беса, Кастриот Реџепи, а лидерот на Беса, Биљал Касами изрази загриженост за безбедноста на пратеникот.  

Опозициските пратеници го напуштија Собранието. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бараат брзи предвремени избори за излез од политичката криза во која се наоѓа државата. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вечерва пред Собранието во име на целата коалиција изјави дека ова е единственото решение во моментот.

– Погазена е демократијата, беше киднапиран пратеник. За тоа ќе има одговорност, рече Николовски, додавајќи дека СДСМ и коалицијата се обидуваат по секоја цена да останат на власт.

Ваквиот потег на опозицијата следи откако денеска во законодавниот дом не се појави пратеникот од редовите на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, кого лидерот на Беса, Биљал Касами го пријави во полиција за исчезнат, а тој потоа се јави на „Фејсбук“ и кажа дека се наоѓа на „безбедно“. По ова, Касами изјави дека е убеден оти видеото е направено под присила. Тој вечерва пред Парламентот рече дека се грижи за безбедноста на пратеникот Реџепи.

– Веруваме и убедени сме дека ова видео е направено под присила бидејќи е направено во моментот кога јас одам во полиција да пријавам. Ако пратеникот бил слободен доброволно на некоја позиција требало да ги информираат органите на редот, а не мене да ми кажуваат од полиција дека “да, знаеме каде е пратеникот”, рече Касами.

Денеска опозициските пратеници очекуваа дека нема да го загубат мнозинството и дека ќе изгласаат недоверба на Владата, нешто што го најавуваа цела недела.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.