Стечајните работници од Здружението „Унит“ денеска на протест пред седиштето на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Повик за излегување на протестот упатија и Движењето за социјална правда „Ленка“ и Левичарското движење „Солидарност“.
Здравко Савески од „Солидарност“ за НОВА изјави дека иако владата донесе одередено законско решение за стечајците, тоа е палијативно и не го решава проблемот на системски начин.
„Тоа беше само политички маркетинг пред изборите, вели Савески, сметам дека со ваквото законско решение само мал број стечајци ќе добијат обештетување, а во буџетот има пари за сите“.
Целта на протестите е да се изрази спротивставување на постоечкото законско решение и да се изврши притисок за што побрзо решавање на проблемот на стечајците.




