НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 220 амандмани на Предлог-буџетот за 2022 година

0
By Ivana on November 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 220 амандмани и ќе учествува на собраниската комисија за финансирање и буџет, на која денеска треба да почне разгледување на Предлог-буџетот за 2022 година. Ќе учествуваат и на пленарната седница на која ќе се носи биџетот, соопшти денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

-Поднесовме околу 220 амандамни преку кои ќе се обидеме да интервенираме и да поправиме нешто што се уште може да се поправи. Поднесовме голем број суштински амaндмaни во сферата на енергетиката, образованието, здравството, животната средина, изјави Стојаноски, додaвајќи дека тие се произлезиени од потребите и барањата на граѓаните и од стручната јавност. Изрази надеж дека власта ќе се охрабри, ќе дискутира за проблемите и предизвиците и оти ќе ги прифати нивните понудени решенија.

Одговарајќи на новинарско прашање, Стојаноски ја повика власта да ги прифати амандманите од опозицијата кои, како што рече, треба да решат многу проблеми и на тој начин да се подобри овој буџет. Според него, Буџетот во оваа форма како што е поднесен не ги задоволува потребите на граѓаните.

Посочи дека имаат поднесено пет амандмани кои ги зафаќаат загрозените групи граѓани, стопанството и економските субјекти. – Веруваме дека не може да имате историски најголем буџет од 4,4 милијарди евра, да имате на прагот енергетска криза, а да немате планирано ниту едно евро помош за граѓаните и за стопанските субјекти, рече Стојаноски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата за 2022 година предвидува капитални инвестиции од 37 милијарди денари, кои сметаат дека тоа ќе остане само на хартија. Ова, како што велат, е буџет со буџетски дефицит од 4,3 отсто. Со овој Предлог буџет јавниот долг на земјава ќе порасне за околу 800 милиони евра односно на крајот на годината јавниот долг ќе биде на историски највисоко ниво од околу 66 отсто од БДП.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.