Неопходно е сите релевантни чинители во државата да градат предвидлив бизнис амбиент, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески.
На средбата соговорниците разговараа за состојбите во државата во однос на обемот на странски директни инвестиции, како и за последиците во оваа област од корона пандемијата.
Директорот Павлевски го информираше претседателот Пендаровски за тековните и најавените странски инвестиции кои, како што рече, ќе придонесат за нови вработувања.
Претседателот Пендаровски, пак, ја нагласи важноста од континуираната проактивност и партнерски однос на Северна Македонија со странските инвеститори.