НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна процесот на Фондот за Западен Балкан за аплицирање за проекти од земјите во регионот

0
By Ivana on November 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почнувајќи од 8 ноември, Фондот за Западен Балкан го отвори процесот на аплицирање за предлог проекти за земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Ова е четврти повик од формирањето на Фондот, но прв што ќе се кофинансира со регионални грантови преку Инструментот за претпристапување (ИПА).

Апликациите може да се поднесат преку системот за аплицирање што се наоѓа на официјалната веб-страница на Фондот.

– Примарни корисници на заедничката акција на Европската Унија и Фондот се граѓанските организации, а други подобни потенцијални грантисти се непрофитни здруженија и организации, фондации, образовни институции, регионални мрежи, локални и регионални јавни субјекти, информираат од Фондот.

Повикот ќе биде отворен до 23 декември 2021 година, а тимот на Фондот за Западен Балкан низ регионот ќе сретне со засегнатите страни и потенцијални грантисти на Инфо сесиите. За време на средбите тимот на Фондот ќе ги информира учесниците како да аплицираат и како да формираат партнерства во регионот.

Инфо-сесиите во земјава ќе се одржат во Битола во просториите на Универзитет „Св. Климент Охридски“ (Свечена сала на УКЛО – Факултет за правни науки I кат, Тодор Скаловски 8) на 16 ноември (вторник) во период од 11:00 до 13:00 часот и во Скопје во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи на 26 ноември (петок) во период од 17:00 до 19:00 часот.

Фондот за Западен Балкан е меѓувладина организација за регионална соработка на граѓаните од регионот, основана од договорните страни, со седиште во Тирана. Целта на Фондот е да промовира заеднички вредности меѓу граѓаните, граѓанските организации и институциите во регионот, вклучително и зајакнување на соработката и директните контакти меѓу луѓето од Западен Балкан. На изминатите регионални повици учествувале 890 граѓански организации и други засегнати страни, директно вклучувајќи 3.430 организации, кои допреа до повеќе од 10.000 граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.