НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РСБСП: Сообраќајките прва причина за смртност на лицата од 15 до 19 години

0
By НОВА ТВ on November 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во светот годишно 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се здобиваат со повреди, тоа значи дека, како последица од сообраќајни незгоди, дневно умираат над 3500 лица, односно на секои 25 секунди едно лице го губи животот во сообраќајна незгода. На Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира да се намали црната статистика на патиштата и да се направи сообраќајот побезбеден, тргнувајќи од сопствените грешки и однесување во сообраќајот.

– Секој загубен човечки живот предизвикува тага и болка за членовите на семејството, роднините и пријателите на починатото лице, но и за многумина други, а загубените човечки животи за кои причина се сообраќајните незгоди носат дополнителна тежина затоа што загубите и повредите во сообраќајот се ненадејни, насилни и трауматични настани, велат од РСБСП.

Во Република Северна Македонија, како што велат од РСБСП се намалува бројот на загинати во сообраќајни незгоди. Според статистиката, голем дел од жртвите и повредените лица во сообраќајни незгоди се деца и млади.

На светско ниво околу 400.000 млади лица на возраст до 25 години го губат животот во сообраќајни незгоди, односно околу 1100 млади лица дневно. Сообраќајните незгоди се прва причина за смртност за лицата на возраст од 15 до 19 години, втора причина за смртност за лицата на возраст од десет до 15, како и од 20 до 24 години, и трета причина за смртност за лицата на возраст од пет до девет години.

– За да се сврти вниманието на трагичните последици од сообраќајните незгоди, за да се изрази почит кон загинатите и солидарност кон нивните семејства, како и за да се подигне свеста за фаталните последици од неодговорното однесување во сообраќајот, Организацијата на Обединетите Нации (ООН) усвои резолуција со која повикува во третата недела од ноември да се одбележува Светскиoт ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од РСБСП додаваат дека Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди има цел да потсети на сите загинати лица во сообраќајни незгоди, да им се даде помен на нив, но и да се допре до свеста на сите учесници во сообраќајот со цел тие да размислат за сопствената одговорност, како и за последиците од сообраќајните незгоди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.