Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки бара здравствена заштита, образование и ресоцијализација за затворениците

0
By Ivana on November 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 16, 2021 11:01

Иако постои подобрување во казнено – поправните установи, најмногу во поглед на унапредување на материјалните услови, пенитенцијарниот систем сè уште се соочува со големи проблеми и предизвици.

Според Извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, од последователни посети за состојбата и условите во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија во јули 2021 најгорливи проблеми остануваат пристапот до здравствената заштита, образовниот процес и процесот на ресоцијализација на осудените лица, необучените раководни и стручни кадри во казнено-поправните установи и неефикасните внатрешни и надворешни механизми за пријавување и гонење на случаи на тортура и нечовечко постапување спрема осудените лица.

Во него се наведени повеќе генерелни препораки со цел подобрување на состојбата на затворите. Меѓу приоритетите е итно и неодложно преземање мерки од страна на Министерството за здравство за обезбедување непречен пристап до здравствена заштита на сите осудени лица.

Но, од комитетот ја изјаснија и потребата за итно и неодложно обезбедување минимални услови за одржување хигиена, услови за спиење и обезбедување квалитет и количество на храна за осудените лица во КПД Идризово согласно пропишаните стандарди.

Инаку, последователните теренски посети биле спроведени во 4 казненопоправни установи во кои беа забележани најголем недостатоци за време на спроведување на редовните посети и тоа во: КПД Идризово, КПД Штип, КПД Куманово и КПУ Тетово.

Иако за време на последователните посети мониторинг тимот забележал подобрување во казнено-поправните установи, најмногу во поглед на унапредување на материјалните услови, пенитенцијарниот систем сè уште се соочува со големи проблеми и предизвици.

Извештајот содржи резиме од остварениот теренски мониторинг, фокусирајќи се на напредокот и главните предизвици документирани за време на посетите, а содржи и препораки за секоја казнено-поправна установа, како и генерални препораки за надлежните институции во насока на подобрување на состојбите и условите во казнено-поправните и воспитнопоправните установи.

Итно и неодложно обезбедување минимални услови за одржување хигиена, услови за спиење и обезбедување квалитет и количество на храна за осудените лица во КПД Идризово согласно пропишаните стандарди, се само дел од препораките кои се наведени во извештајот.

– Итно и неодложно преземање мерки од страна на Министерството за здравство за обезбедување непречен пристап до здравствена заштита на сите осудени лица. Информирање на осудените лица за нивните права преку информативни флаери, постери, брошури и слично кои ќе бидат истакнати на видно и фреквентно место во сите казнено-поправни установи. Обезбедување соодветни материјални услови во установите со цел овозможување на хуман третман на осудените лица. Ангажирање соодветен кадар во установите во поглед на ресоцијализацијата и развивање и имплементирање на соодветни програми за ресоцијализација, се додава во извештајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.