Published: Sunday, May 25, 2014 16:39
Министерот за здравство Никола Тодоров најави дека објектот на државната кардиохурурција се очекува да биде пуштен во употреба до крајот на август или почетокот на септември.
На почетокот, операциите ќе ги изведуваат искусни кардиохирурзи и помошен персонал од странство, а за три години би требало целокупниот стручен персонал да биде од Македонија. Според Никола Тодоров, министерот за здравство, кој денеска го посети објектот, државната кардиохирургија ќе биде дел од Клиниката за кардиологија и се наоѓа на последниот кат. Вредноста на реконструкцијата е 650 илјади евра.




