Published: Sunday, May 25, 2014 17:53
Италијанската компанија „Леитнер“ (Leitner AG/Spa) ќе ја проектира и ќе ја гради шестоседата жичара во рамките на скијачкиот центар Попова Шапка. Нарачателот ЕЛЕМ (Електрани на Македонија) потпиша договор во вредност од 581.002.500 денари или околу 9,4 милиони евра, со кој ќе се реализира долгонајавуваниот проект најдоцна до првото тримесечје на 2015 година. Должината на трасата на идната жичара изнесува 1.420 метри, додека нејзиниот максимален капацитет ќе биде 3.200 скијачи за еден час. Во согласност со плановите на државната компанија, во зимско – рекреативниот центар е предвидено да се изградат и три нови скијачки патеки со должина од 5.000 метри, јави порталот билд.мк




