Published: Sunday, May 25, 2014 23:11
Од 751 мандат Европските народни партии освоија 212 со 28, 10 % освоени гласови. На второ место се Европските социјалисти со освоени 25,7% од гласовите што им донесе 186 пратенички места. Трети се Прогресивните либерали и социјалисти со 70 пратенички места. Зелените се четврти со 55 освоени мандати. Обединетата левица има 44 места во новиот состав.
Партиите обединети околу екстремно десничарските идеологии кои се против ЕУ освоија 5,33% од гласовите на глсачите во Европа што им донесе 40 пратенички места. Најголем број од овие мандати одат кај Националниот фронт од Франција. Европските конзервативци и реформатори имаат 39 пратеника. За независните кандидати кои не и припаѓаат на ниту една партија останаа 59 пратенички места.




