НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Со новиот буџет финансиски и кадровски се зајакнува судството

0
By Ivana on November 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на презентацијата на „Функционалната анализа на основните судови и планот за подобрување на основните судови во РСМ“, која ја изработи Центар за правни истражувања и анализи, со поддршка на Британската aмбасада, кажа дека во буџетот за следната година се планираат повеќе финансиски средства за судовите.

Со тоа финансиски и кадровски ќе се зајакне правосудството и треба да биде следено од ефикасни и квалитетни судски постапки, смета Маричиќ.

-Доказ за нашата заложба и влог во правосудството е и Буџетот за судство предвиден за 2022 година, кој е за 6,5 отсто повисок во споредба со минатата година. Покачување на платите во судството за 15 отсто за сите вработени, вклучувајќи ја и администрацијата. Ќе се зголемуваат и човечките капацитети, со потребни кадри каде што има недостаток во судските инстанци ширум државата, потенцираше Маричиќ.

Инаку, во говорот на настанот министерот за правда го изрази своето задоволство од досегашната соработка со Британската Амбасада, наведувајќи ги како партнери и силни поддржувачи на искрената заложба на оваа Влада во спроведувањето на реформската агенда.

Функционалната анализа на 27-те основни судови, заедно со веќе изработената Функционална анализа на Министерството за правда, претставува заокружување на процесот на подготовка на функционални анализа за сите правосудни институции во државата.

На настанот присуствуваа претставници од основните, апелациските и управните судови во земјава, Врховниот суд, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.