НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Во 2022 година повеќе финансиски средства за судовите

0
By НОВА ТВ on November 18, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на презентацијата на „Функционалната анализа на основните судови и планот за подобрување на основните судови во РСМ“, која ја изработи Центар за правни истражувања и анализи, со поддршка на Британската aмбасада, кажа дека во буџетот за следната година се планираат повеќе финансиски средства за судовите. Со тоа финансиски и кадровски ќе се зајакне правосудството и треба да биде следено од ефикасни и квалитетни судски постапки, смета Маричиќ.

– Доказ за нашата заложба и влог во правосудството е и Буџетот за судство предвиден за 2022 година, кој е за 6,5 отсто повисок во споредба со минатата година. Покачување на платите во судството за 15 отсто за сите вработени, вклучувајќи ја и администрацијата. Ќе се зголемуваат и човечките капацитети, со потребни кадри каде што има недостаток во судските инстанци ширум државата, потенцираше Маричиќ.

Инаку, во говорот на настанот министерот за правда го изрази своето задоволство од досегашната соработка со Британската Амбасада, наведувајќи ги како партнери и силни поддржувачи на искрената заложба на оваа Влада во спроведувањето на реформската агенда.

Функционалната анализа на 27-те основни судови, заедно со веќе изработената Функционална анализа на Министерството за правда, претставува заокружување на процесот на подготовка на функционални анализа за сите правосудни институции во државата.

На настанот присуствуваа претставници од основните, апелациските и управните судови во земјава, Врховниот суд, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.