НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Во 2022 година подобра структура на буџетот со повеќе капитални инвестиции

0
By НОВА ТВ on November 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 2022 година буџетот има подобрена структура. Имаме 615 милиони евра капитални инвестиции кои во вкупните расходи учествуваат со 14 % и намалување на буџетскиот дефицит од 6,5 % колку што е планиран годинава на 4,3 % за следната 2022 година, кој е помал од планираното ниво на капитални инвестиции.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на „Економски магазин“ на ТВ Алсат, потенцирајќи дека не само како процент, туку има подобрување и во номинална вредност на капиталните инвестиции кои во 2020 година изнесуваа 262 милиони евра, па со Буџетот за 2021 пораснаа на 391 милион евра, потоа со ребалансот на Буџетот на 485 милиони евра и во 2022 година се на ниво од 615 милиони евра. Покрај повисокиот износ на капитални инвестиции, министерот потенцира дека е важно што се преземаат и активности за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции.

-Предвидениот инвестициски циклус ќе го придвижува економскиот раст на среден рок, истовремено имаме фискална консолидација, но и институционална реформа во однос на управувањето со проекти на национално ниво и нивната реализација. Ќе има техничка помош за подготовка на проекти и реализација, како и специјални едници во Кабинетот на премиерот за стратешките проекти, во Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања за мониторинг и во Министерството за финансии за евалуација, рече министерот.

Тој посочи и на резултатите од воведувањето на КАПЕФ механизмот врз реализацијата на капиталите расходи кои од почетокот на годината до сега имаат реализација од 56 %, што е повисока во споредба со претходните години кога реализацијата изнесуваше под 50 % во овој период.

-Минатата година со сите предизвици со кои се соочивме успеавме да реализираме 81% од капиталните инвестиции што е повисоко од претходните години, а можеме да кажеме и во споредба со најдобрите години во последните две декади. Затоа во овој период, не случајно го воспоставивме и Планот за забрзан економски раст, кој предвидува нови инструменти за поддршка на проектираниот раст во 2022 од 4,6% и понатаму во следните години инвестицискиот циклус ќе го придвижува економскиот раст, потенцира министерот за финансии Фатмир Бесими.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.