НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една година затвор за офтамологот Ставриќ

0
By Менче Атанасова Точи on May 26, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Една година затвор му пресуди судот за познатиот офтамолог Дејан Ставриќ, кој е прогласен за виновен за сторено кривично дело примање на награда за противзаконито влијание. Неговиот бранител побара очниот хирург до издржување на казната да биде пуштен дома.

На првото судско рочиште кое започна 20 дена по апсењето, Ставриќ истакна дека според него ова е монтиран процес. Како што рече лично сочувствува со оштетениот Кузмановски кој очигледно е злоупотребен, иако е болен.

Одбраната на Ставриќ се изјасни дека исказот на оштетениот Кузмановски е конфузен, нереален, бидејќи тој тврди дека парите биле наменети за инвалидска пензија за која што воопшто не станува збор, бидејќи тој истата веќе ја имал добиено уште пред да се случи апсењето на Ставриќ.

Она што како крунски доказ го има одбраната на докторот е дека решението за инвалидска пензија е испратено по пошта на 6 мај 2014, во 24 часот, односно истиот ден кога беше уапсен Ставриќ.

Според одбраната тоа е најверојатно наградата за фингираниот случај против Ставриќ.

Ставриќ ниту контактирал со членовите на комисијата за инвалидска пензија, туку, како што истакна парите што биле договарани биле за минимална уплата за операција која требало да ја изведе светски познатиот хирург Мирослав Вукосављевиќ
кој што требало да дојде и да го оперира Кузмановски во „Корнеа медика“ на 10 мај, каде Ставриќ работи.

Кога Kузмановски му ги дал парите под маса Ставриќ мислел дека се работи за документите кои треба да бидат употребени за конзилијарно мислење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.