Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување на Телевизија 21 на ТВ21 најави дека партијата ќе се обиде да го врати Максим Димитриевски во своите редови.
– СДСМ ќе влезе во постапка во која верувам на база на сите дискусии кои сме ги имале после изборите ќе извлече поуки, ќе донесе многу одлуки. Затоа што сме единствената инклузивна отворена и модерна коалиција во која членуваат и на позиции се и луѓе кои не се партиски членови, а ја добиле честа и одговорноста д асе носат со тие позиции во име на граѓаните. Имајќи го најголемиот коалициски потенцијал и капацитет СДСМ ќе направи се преку сите процеси и промени што ги прави, а СДСМ се променува и победува, и верувам дека и овој предизвик пред кој се наоѓаме ќе го решаваме сите заедно и дека обединети, со многу промени и детектирани слабости и отстранување на истите, ќе биде партија која ќе биде целосно подготвена за следните предизвици“, рече Николовски.
На пашањето дали ќе се обидете да го вратите Максим Димитриевски, Николовски одговори:
– Ќе се обидеме да направиме се, да, рече генералниот секретар на СДСМ.
Димитриевски на локалните избори настапи како независен кандидат, откако не доби поддршка од матичната партија СДСМ, а за овој потег тој беше исклучен од партијата. На вториот круг од локалните избори кои се одржаа на 31 октомври, Димитриевски доби втор мандат да го води Куманово.