Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор потпиша Меморандум за разбирање

0
By НОВА ТВ on November 19, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 19, 2021 11:32

Претседателот на Собранието Талат Џафери, и директорот на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДКАФ), Томас Гербер, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДКАФ) и Северна Македонија, за партнерство во спроведувањето на „Програмата за реформи во секторот за безбедност и разузнавање во Република Северна Македонија“ (2021-2026).

Како што се наведува во соопштението од Собранието, директорот Гербер искажа благодарност за конструктивната соработка со Собранието и ги поздрави напорите за унапредување на надзорот врз безбедносниот сектор. Тој подвлече дека, донесувањето на закони со кои се формираа соодветните институции во разузнавачкиот сектор подразбира комплексни процедури и се уште една потврда за посветеноста на државата и Собранието на демократските реформи. На задоволство на ДКАФ програмата за поддршка на Собранието, со која во 2018 година започна стратешкото партнерство со потпишувањето на првиот Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Развој на парламентарен и независен надзор“, благодарение на меѓународните партнери како Европската Унија, Холандија, Шведска и Швајцарија, кои придонесоа за успешност на тековниот проект, соработката се продолжува до 2026 година.

Џафери се осврнал на придобивките од соработката со ДКАФ во рамките на „Програмата за реформи во разузнавачкиот сектор во Република Северна Македонија“ и искажа уверување дека, Заштитената соба во Собранието ќе се операционализира во најскоро време, со што целосно ќе се стави во функција опремата која што е набавена во рамките на Програмата. Тој потенцираше дека, реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор се во насока на поголема стабилност, владеење на правото и безбедност на државата и граѓаните и исполнувањето на стандардите на Европската унија во оваа сфера.

Соговорниците,како што се наведува во соопштението, се согласија дека денешната церемонија на потпишување на Меморандумот е уште една потврда за посветеноста на државата на градење силни институции, потврдување на траекторијата на реформи и близок однос со меѓународните организации во насока на поплочувањето на патеката кон Европската унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.