Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовирани нови 70 армиски подофицери, Шекеринска најави ново вооружување, од 2024 година и набавка на хеликоптери

0
By Ivana on November 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 19, 2021 12:20

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беа промовирани нови 70 подофицери на Армијата на Република Северна Македонија, кои во периодот август – ноември посетуваа курс за подофицери во кампот за обука „Пепелиште“ на Армискиот полигон „Криволак“. Претходно, во два наврата беа промовирани 120 нови подофицери во Армијата од редовите на професионалните војници, во две групи.

Бидете горди на својата Армија и на својата држава, како што и тие се горди на Вас, им порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

–  Не заборавјте кои биле желбите и предизвиците со кои сте се соочувале како војници и искористете ги да бидете подобри лидери и подофицери. Вие и Армијата сте навистина доказ дека работата носи резултати, им честита Шекеринска.

На тројцата најдобро рангирани Сашко Иванов прворангиран, кој доби и монета, второрангираниот Александар Николовски и Влатко Николовски треторангиран, им беа доделени сертификати.

Иванов во обраќањето нагласи дека пред 90 дена сплотени и еднакви го започнале основниот курс за подофицери и речиси не се познавале, но успеале да изградат тим со кој нашата армија може да се гордее.

–  Нашата мисија не завршува тука, продолжуваме подготвени во новите предизвици што ни претстојат во понатамошната работа. Од денеска Армијата е  побогата за 70 подофицери, високо обучени според највисоките НАТО стандарди, рече меѓу другиот прворангираниот подофицер Иванов.

Министерката Шекеринска, која присуствуваше на промоцијата во обраќањето честитајќи им на новите подофицери истакна дека поминатата тримесечна обука, првенствено ги научи да бидат лидери. Таа очекува и се надева да бидат дел од еден голем тим, како што рече, што ќе биде рбетот на оваа Армија.

–  Сега имате сосема поинаква функција. Ќе треба да формирате тимови, да ги градите, да ги јакните, да ги охрабрувате и да ги правите подобри војници. Од денеска ваша е одговорноста професионалните војници, дел од нив и ваши довчерашни колеги и пријатели, да бидат мотивирани и фокусирани да ги вршат задачите, им порача Шекеринска.

Министерката за одбрана се осврна на посетата во вторникот на командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ, кој споменал еден факт, подвлече, а по повод потпишувањето на заедничката декларација за целосна воена интеграција во НАТО, изјавил дека Северна Македонија го заврши процесот на целосна воена интеграција во НАТО во рекордно краток период, најбрз период што досега се случил во Алијансата. Во таа насока, Шекеринска информира дека на Црна Гора и требале 26 месеци за да го заврши процесот, на Хрватска 43 месеци, на Албанија 55 месеци од моментот на членство во Алијансата. Ние, потенцира Шекеринска, успеавме да го завршиме целиот тој процес како 30 членка на НАТО, во рекорден период од 19 месеци.

На денешната промоција на нови подофицери на Армијата, Шекеринска најави дека од идната година ќе бидат добиени и нови оклопни транспортери, артилерците ќе добијат ново артилериско вооружување, припадниците на противвоздушната одбрана ново ПВО оружје. За летачите од воздухопловниот винг, информриа Шекеринска, од 2024 година натаму ќе се започне нова набавка на хеликоптери

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.