НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Став на Бизнис Заедницата за задолжително тестирање на невакцинираните лица во приватниот сектор

0
By Mirjana on November 23, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стопанската комора на Северна Македонија уште еднашка апелира во јавноста за предлогот како да се определи заштита на вработените во приватниот сектор во услови на сеуште актуелен ковид 19 вирус. Нашето барање, кое го доставивме и до Владата на РСМ на 15.11.2021 година, а имавме и прес конференција на 17.11.2021 е определување на задолжителна мерка за тестирање на невакцинираните вработени лица кој го немаат прележано вирусот Ковид 19 во последните 6 месеци.

Сакаме повторно да укажеме дека ставот на бизнис заедницата е вработените за време на извршување на работата мора да исполнуваат еден од условите за заштита од корона вирусот накратко наречен “ВПТ”: вакцинација од вирусот, прележан COVID-19 или да се тестираат. За вработените кои не се вакцинирани или го немаат прележано вирусот да се предвиди воведување на задолжително тестирање најмалку еднаш неделно со брзи антигенски тестови, со само-тестирање или во државни или приватни дијагностички центри, како ќе одлучи работодавачот. Не случајно се предлагаат брзи антигенски тестови кои се значително поевтини од ПСР тестовите и се согласно искуствата и во другите земји.

Доколку работодавачот се одлучи за само-тестирање, истото да се изведува во работните простории, а работодавачот да го одреди местото и времето на само-тестирање и да води соодветна евиденција. Трошокот за тестирање со брзи антигенски тестови исклучиво треба да е на терет на работникот, за да се постигне подигнување на степенот на имунизација во пократок временски период и да се спречат мутациите на вирусот. Во спротивно, ваквиот трошен, за бизнис заедницата е непродуктивен, односно трошок без ефект.

Во насока на реализација на спроведување на мерката на задолжително тестирање без истата да предизвика значителни материјални трошоци за работниците, а и поради ризикот од покачување на цените на антигенските тестовите во услови на зголемена побарувачка, бизнис заедницата предлага Владата на РСМ согласно Законот за трговија да донесе Одлука да ја определи највисоката цена (набавна односно увозна цена со оглед дека нема домашно производство зголемена за разумна маржа) за овој вид на тестови.

Ние како Стопанска комора на Северна Македонија ќе упатиме повик до нашето членство , согласно барањата на синдикалните организации да овозможат за вработените кој ќе се вакцинираат 2 дена платено отсуство од работа.

Мора да се има предвид дека заеднички мора да работиме на подигнување на степенот на вакцинација, заради што и Комората спроведе и анализи и сериозни дискусии низ членството, со цел се спречат и мутациите на вирусот во што пократок период, и  предлага мерката да стапи на сила што поитно, но да се даде период за можност невакцинираните лица кои се во работен однос да се вакцинираат.

 

Стопанска комора на Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.