СДСМ излезе со писмена реакција на изјавата на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој ги обвини дека со враќањето на мандатите, всушност “СДСМ им завршува работа на оние кои не блокираат”.
-Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ панично бараат изговори за ситуацијата во којашто ја донесоа Македонија за време на нивното 8-годишно владеење.
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ требаше да мислат на Република Македонија додека затвораа медиуми, иструментализираа судство, окупираа институции, спроведуваа криминални избори и од достојна земја кандидатка за Европската унија, рамо до рамо со Хрватска, ја спуштија Македонија на опашката на регионот, после најмладата држава Косово.
На системските слабости во Македонија, години наназад укажуваат еврокомесарот за проширување, Штефан Филе и други високи претставници на Европската комисија.
За тоа одговорноста е само на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако Никола Груевски мисли добро на Република Македонија, нека ги ослободи институциите, нека ги тргне рацете од медиумите и судството и нека учествува во создавањето услови за фер избори, на коишто грѓаните ќе ја изразат слободно својата волја.
На такви избори народот ќе го избрише Никола Груевски од политичката сцена, соопшти СДСМ.




