„Автобусот е во таква состојба што не може да се утврдат податоци од техничкиот уред кој го снима движењето на автобусот – тахографот. Се е изгорено“, изјави за Бугарското национално радио извршниот директор на Агенција „Авто-администрација“ Бојко Рановски, прашан за автобусот на автопатот Струма во кој загинаа 45 лица.
Тој посочи дека според информациите од Државниот автомобилски инспекторат од граничниот премин Капитан Андреево, во близина на местото на несреќата не се регистрирани прекршувања на сообраќајните правила.
Рановски рече дека според камерите од граничните пунктови и од Агенцијата за патишта, истражните органи можат да извлечат информации кои се неопходни за утврдување на причините за несреќата.