Германскиот канцелар Ангела Меркел веќе четврта година е прва на листата на Forbes за највлијателни жени во светот. За прв пат на листата на второто место се најде шефот на Федералните резерви на САД Џенет Јелен. Бразилската претседателка Дилма Русеф која лани беше втора, овојпат е четврта на листата.
Мелинда Гејтс – сопруга на Бил Гејтс и коосновач на нивната фондација е на третата позиција. Петта е Кристин Лагард, извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд.
Првата дама на САД Мишел Обама од четвртото падна на осмото место, претекната од државниот секретар на САД – Хилари Клинтон.
Во првите 100 спаѓаат дами од 28 националности, меѓу кои Бангладеш, Мјанмар, Либерија, Малави. Бугарија нема своја претставничка.