По веста за трагедијата, во која загинаа 46 македонски граѓани, меѓу нив и четворица жители на Општина Дебар, сочувство до семејствата на загинатити изрази и Дебарското муфтиство, од каде наведуваат дека солзите на жалост не престануваат.
-Трагедија за која нема утеха. Згаснаа животите на деца, ученици, родители, сопружници. Денес имаме една детска насмевка помалку, една насмевка помалку од соученик и соученичка, пријател и пријателка, денес имаме изгубени родители. О господе! Солзите на жалоста не ни прекинуваат. Ние не велиме друго нешто освен: „Ние сме Аллахови и нему ќе му се вратиме“, стои во објавата на официјалната страна на муфтиството на Фејсбук.
Се искажува солидарност со семејствата и се наведува дека постојано се во мислите со семејствата и го молат Бога да им даде трпение, а на повредените брзо закрепнување.
-Го молиме семилосниот господар, повредените да ги излекува, на починатите да им се смилува, на блиските роднини и семејства да им подари трпение за да се изборат со ова искушение, стои во објавата на Дебарското муфтиство.
Меѓу настраданите, како што потврдија и од општината, се и четворица жители од Општина Дебар, Саде Мустафовски (1971) и неговата сопруга Зилија Мустафовска (1973) од Дебар и сопружниците Енис Рамановски (1980) и Алмира Рамановски (1984) од село Долно Косоврасти.
Рамановски бил заменик командир на Полициската станица при ОВР Дебар а Мустафоски полициски службеник, чии колеги со потресни објави се простуваат од нив.