НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби во врска со автобуската несреќа

0
By НОВА ТВ on November 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на прес-конференција изјави дека очекува брза и сеопфатна реакција на надлежните служби и оти верува дека со една заедничка соработка со бугарските институции многу бргу ќе имаме одговор околу сите нејаснотии околу автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 патници, од кои 12 се деца, додека седум се повредени и согласно тоа ќе има ефикасност во утврдувањето на одговорноста.

-Она што засега можам да го кажам и е во доменот на податоци со кои располага МВР е дека последната извршена проверка на техичката исправност на автобусот е на  5 октомври 2021 година, а истражната постапка ќе ги даде одговорите на сите отворени прашања. Нашата земја и Бугарија се заедно во тагата за жртвите во трагичнатасообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, но и во активностите за расветлување на причините за автобуската несреќа, за идентификувањето на жртвите во несреќата, за давање помош и за лекување на настраданите за што сме благодарни, рече Спасовски.

Спасовски изразувајќи најдлабоко сочуство до семејствата на загинатите, порача дека Владата останува со семејствата и дека институциите се тука да обезбедат поддршка и помош согласно потребите.

-Веќе е извесно дека организацијата и трошоците околу враќањето на жртвите во земјава ќе бидат на товар на државата, рече министерот за внатрешни работи.

Информираше уште утринава на бугарскиот колега Рашков му најавил дека тим на МВР од униформираната и сообраќајната полиција, како и од одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења тргнал за Бугарија и се ставил на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги. Во Бугарија пристигнале и претставнции на неколку стручни служби кои ја понудиле експерстката помош, како и на обвинителство кои на колегите од бугарското обвинителство ќе им ја обезбедат и ќе им ја предадат целокупната потребна документација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.