Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сеча на шеесетина дрва во Охрид за да се прави булевар, општината тврди дека се стари

0
By НОВА ТВ on November 24, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: ФБ/Чист Охрид
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 24, 2021 20:23

Новиот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков одобрил сеча на липи и костени на улицата „Македонски Просветители“. Токму на тоа место ќе се прави булевар.

Од општината Охрид се правдаат дека 49 липи и 13 костени се со надмината физиолошка и биолошка возраст, дрва нападнати од карантински болести и штетници со значителни физички оштетувања по разни основи и заболени дрва кај кои не постои можност за успешно санирање на нивната здравствена состојба.

– Овие стебла се наоѓаат на потегот од пресекот со Кеј ‘Македонија’ до пресекот со ул. ‘Даме Груев’ и ќе бидат отстранети при изведување на првата фаза од реконструкцијата на булeварот ‘Македонски Просветители’. На потегот се наоѓаат и 10 млади стебла од јавор кои ќе бидат пресадени на друга локација, а по завршување на градежните активности, согласно предвидениот проект ќе биде засаден нов дрворед со соодветни садници, велат од општината Охрид.

Од „Охрид СОС“ реагираат на ваквата одлука на градоначалникот Пецаков и наведуваат дека за да се реконструира улицата се корне деценискиот дрворед, односно 76 стебла, наместо проектот да се адаптира кон постоечкиот дрворед, за што, споредуваат, се прави во многу градови во светот.

– Овде безмилосно се корнат белите дробови на градот. Но, некој ќе рече, ќе се посадат нови садници. Да, но додека ја достигнат полната зрелост и капацитет на овие, ќе поминат децении. Зошто мора постојано да се сече, наместо да се бараат поинакви солуции?, реагираат од „Охрид СОС“.

Од оваа организација на охридскиот градоначалник, Пецаков, му посочија што тој ветил во изборна програма.

– Во предизборната програма на новиот градоначалник, на страница 25 e наведена мерката 1:5, односно за секое исечено дрво да се посадат пет нови. Според ова, на улицата ‘Македонски просветители’ би требале да се посадат нови 380 садници. Тоа би била новата зелена оаза во градот. Попусти се реакциите, и иницијални, од минатата година, кога се сподели намерата или предлог-проектот, и овие најнови, од повеќе страни, да не се сечат децениските стебла. И така јавното мислење никогаш реално и не се цени од страна на општинската администрација. Повеќе е „pro forma“. Најбитен е гласот да се добие, а потоа тие си се најдобри менаџери и проектанти на јавниот простор, наведуваат од „Охрид СОС“. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.