Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аренхуез – Лубов моја

0
By Нова ТВ on May 30, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 30, 2014 12:29


Оваа мелодија ќе ја сретнете во многу инструментални и вокални изведби на повеке јазици: шпански, француски, италијански, англиски… Ја свиреле многу гитаристи и оркестри и пееле многу пејачи: Амалија Родригез, Далида, Нана Мускури, Ришар Антони, Андреа Бочели, Масимо Раниери, тројцата славни тенори и уште многу, многу други.

Таа е бесмртна мелодија, во секој случај. Инаку, станува збор за дело кое и припаѓа на класичната музика, едно од најпопуларните во 20-от век, со три става, познато како „Концерт за Аранхуез“, всушност концерт за гитара и оркестар. Вториот став (адаџо) е најпознатиот, најпопуларен и најчесто изведуван како популарна творба.

Текстовите на разни јазици се отпосле пишувани. Најпознат е оној на францускиот кант-автор Гај Бонтемпели напишан во 1967 година за Ришар Антони. Автор на музиката е шпанскиот композитор и пијанист Хоакин Родриго, роден во 1901 г. во близината на Валенсија. Како дете заболел од дифтерија и целосно го загубил видот кога имал само три години.


Музичкиот талент му останал како последна надеж да успее во животот. Тоа го осознаваат сите во неговата околина и му ги создаваат потребните услови да се образува. Родриго и самиот ја чувствувал шансата и целосно и се посветува на музиката. Веќе на 16 години студира на Конзерваториумот во Валенсија и ги компонира првите творби за кои добива награди на натпреварите за млади таленти. Првите дела ги пишувал на Браjoва азбука за слепи лица, кои потоа се транскрибирани за издавање.

По завршувањето на студиите, во 1927 година се преселува во Париз да го продолжи школувањето и се запознава со Морис Равел, Игор Стравински, Мануел де Фаља и со турската пијанистка Викторија Ками професорка на Парискиот конзерваториум со која се жени во 1933 година. Тоа е клучниот момент во неговиот живот и кариера бидејки Викторија Ками станува негов постојан придружник и соработник до крајот на животот.

Во Париз Родриго интензивно компонира. Меѓу другите дела ја создава и таканаречената „Проштална сонатата за клавир“ посветена на неговиот учител Пол Дукас, кој починал во 1935 година. Додека студира, паралелно работи во други европски земји, за конечно да се врати во Шпанија во 1939 година и да се насели во Мадрид каде што останува до крајот на животот.
Своето најпознато и најпопуларно дело „Концерт за Аранхуез“ го компонира во Париз во 1939 година, непосредно пред да се врати во Шпанија. Делото премиерно е изведено во следната година во Барселона и доживува голем успех. Од тогаш Хоакин Родриго станува респективна личност и учесник во музичкиот и креативен живот на Шпанија со меѓународна репутација и слава.

Самото дело е чудесен спој на гитарата со оркестарот, иако гитарата не е карактеристичен солистички инструмент, тој вешто ја вметнува меѓу моќните дувачки инструменти.

Инспирацијата за едно вакво емотивно дело, според зборовите на Родриго, ја нашол во малото гратче Аранхуез, кое се наоѓа на педесетина километри од Мадрид со околу 50 илјади жители. Тоа не е обично мало место во Шпанија. Аранхуез е нешто посебно. Уште од 16 век во Аранхуез е изградена кралска резиденција, а два века подоцна е реконструирана и проширена.

Кралскиот дворец е вистинска рајска градина на реката Тахо, преполна со паркови, езерца, канали, цветни алеи, фонтани, скулптури и грандиозни зданија во кои пролетните и летните месеци ги поминувале кралските семјства. Денеска Аранхуез е вистинска туристичка атракција преку целата година со многу хотели, ресторани и се што носи модерниот туризам.

Најголемиот дел е отворен за туристички посети, а од 2001 година е прогласен за град на УНЕСКО, како светско културно наследство. Родриго, овој рај го посетил и во него престојувал со својата сопруга кога биле на меден месец. Во својата автобиографија, неговата сопруга, открива дека делото е создадено под силно влијание на среќните мигови поминати заедно, а дека меланхолијата што преовладува во вториот став е всушност тагата по изгубената прва рожба. Замислите си како еден слеп човек можел да ја доживее таа убавина и да ја пренесе преку нотите до нас. Тој со своите истенчени чувства го впил во себе шепотот на розите, растот на тревата, галењето на тишината и сето тоа го зачинил со љубов.

Родриго доживеа длабока старост. Умре во 1999 г. на 98-годишна возраст. Неговата сопруга Викторија Ками умре две години пред него. Обајцата се погребани на гробиштата во Аранхуез. Во знак на благодарност што со своето дело го прослави градот во целиот свет, градските власти му изградија споменик. Родриго, исто така е добитник на бројни награди и признанија. Во 1983 година ја добива Националната музичка награда на Шпанија, 1991 г. Шпанскиот крал Хуан Карлос му ја доделува титулата Маркиз на градините на Аранхуез. Како му се ближи крајот на животот, признанијата и одликувањата се се побројни – прогласен е за Принц од Астурија, добива Златна ѕвезда на градот Мадрид. Француската влада го прогласува за Командир на уметноста и книжевноста и тн. Сето тоа го заслужил.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.