НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуредини: Решенијата засновани на природата можат да дадат клучен придонес за ублажување на климатските промени

0
By НОВА ТВ on November 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Решенијата засновани на природата можат да дадат клучен придонес и за ублажување на климатските промени и за адаптацијата, истовремено поддржувајќи го зачувувањето на биолошката разновидност, здравјето, искоренувањето на сиромаштијата и другите општествени цели договорени во рамките на Целите за одржлив развој, истакна министерот за животната средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешниот настан „Сразмерно зголемување на решенијата засновани врз природата (РЗП) во Северна Македонија” – од политика до спроведување на терен, на кој се презентираше Глобалниот стандард на Меѓународната унија за заштита на природата IUCN за решенија засновани врз природата.

Нуредини, на настанот кој беше организиран од страна на МЖСПП и Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (ECARO), наведе дека за време на COP 26, кој заврши пред само неколку дена, прв пат, светските лидери јасно ја препознале меѓусебната поврзаност помеѓу глобалната биолошка разновидност и климатските кризи и критичната улога што природата ја игра и во адаптацијата и во ублажувањето. Ова е, додаде министерот, важен и добредојден чекор напред.

– Постои итна потреба да се делува на сите нивоа доколку сакаме да спречиме понатамошна деградација на животната средина и да се прилагодиме на ефектите од климатските промени. Решенијата засновани врз природата имаат суштинска улога во ублажувањето и адаптацијата на климатските промени и намалување на ризиците од катастрофи. Сепак, за да бидат РЗП ефективни, треба да бидат целосно препознаени во политиките, законите и националните финансиски планови, истакна Борис Ерг, директор на регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија.

Тој ја поздрави решеноста на клучните носители на одлуки во Северна Македонија да ја препознаат РЗП како можност за подобра интеграција на паметните климатски политики и нивната широка имплементација на теренот.

– Ризиците од катастрофи, поврзани со ефектите од климатските промени, од година во година се сè поизразени и предизвикуваат сериозни последици по животот и здравјето на луѓето, материјалните добра и голема деградација на животната средина. Заради тоа, во рамки на националниот Систем за управување со кризи, се планираат и спроведуваат сеопфатно координирани мерки за превенција, ублажување и адаптација, нагласи директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Како заеднички концепт кој сѐ повеќе се развива во светски рамки, пристапот Решенија засновани врз природата се фокусира на адресирање на развојните предизвици, истовремено обезбедувајќи позитивни резултати за аспектите поврзани со биолошката разновидност и човечката благосостојба.

– РЗП обезбедуваат економични решенија кои претставуваат развиена артикулација на инклузивно и партиципативно управување со природните ресурси, помагајќи им на луѓето и на планетата. Обезбедувањето на квалитетот на имплементацијата на РЗП е обезбедено од Глобалниот стандард на IUCN за РЗП, лансиран од IUCN во 2020 година со цел да се исполни потребата за стандардизиран пристап за дизајнирање, имплементација, евалуација и верификација на интервенциите на РЗП. Преведен на македонски јазик, меѓу другите шест глобални јазици, Стандардот е суштинска рамка за да се зголеми обемот и влијанието на пристапот на РЗП, спречување на несакани негативни исходи или злоупотреба и да им се помогне на креаторите на политики, агенциите за финансирање и другите засегнати страни да ја проценат ефективноста на интервенциите на РЗП, наведоа од МЖСПП.

Настанот е организиран во рамки на проектот ADAPT: Решенија засновани врз природата за отпорните општества во Западен Балкан, а во тесна соработка и со Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија, со цел да се подигне свеста за важноста на зголемување на отпорноста на екосистемите и заедницата на климатските промени и деградацијата на животната средина со примена на решенијата засновани врз природата на Северна Македонија.

– Овој настан ги собра релевантните засегнати страни, менаџерите на природните ресурси и клучните национални чинители за зачувување на природата, вклучувајќи ги и високите владини претставници, претставници од меѓународни организации, невладини организации, академијата и приватниот сектор во заедничката акција за адресирање на адаптацијата на климатските промени и намалување на ризикот од катастрофи во државата, истакнаа од МЖСПП.

Проектот ADAPT е тригодишна иницијатива финансирана од Шведската агенција за меѓународна соработка (СИДА) и имплементирана од Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија. Проектот работи на зголемување на отпорноста на екосистемот и заедницата на климатските промени и ризици од катастрофи со примена на Решенијата засновани врз природата во шест економии од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

Глобалниот стандард на IUCN за решенија зановани врз природата и Упатството за стандардот се достапни на библиотечниот портал на IUCN на македонски и албански јазик.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.