Група бунтовници во Сирија случајно активирале експлозивна направа кога еден од нејзините членови се обидел да направи фотографија со мобилен телефони, односно популарно наречената „селфи“ фотографија.
Групата намерувала да изврши бомбашки напад, но пред истиот практикувале ритуал во кој нивниот лидер им се обраќа. Во моментот на обраќање на лидерот еден од нив сакал да направи таква фотографија со мобилниот, но во тој момент, всушност, ја активирал бомбата по што се саморазнеле. Се уште е непознат бројот на жртвите.