Уште едно тело е пронајдено при дополнителен преглед на автобусот со државјани на Република Северна Македонија кој излетал на автопатот Струма. Така, бројот на жртвите во тешката сообраќајна несреќа стана 45, како што првично беше најавено, потврди за БНР заменикот главен обвинител и началник на бугарската Националната истражна служба Борислав Сарафов.
-Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од кои 45 ги затекнавме во автобусот, 7 се во „Пирогов“, за жал ниту еден не е спасен, кажа Сарафов.
Тој додаде и дека истражител и обвинител се упатени во Скопје каде ќе останат најдоцна до недела.
-Мора да ја донесат документацијата поврзана со урнатиот автобус и ДНК профилите на роднините на загинатите. Веднаш потоа ќе започне идентификацијата на жртвите од инцидентот, откри Сарафов.