Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентите во Северна Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ да донесат законски решенија за новинарите да се третираат како службени лица

0
By НОВА ТВ on November 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 26, 2021 15:13

Има потреба од интервенција во законските решенија и оти со договор и со консензус во нашите парламенти треба да ги имплементираме, а со нив новинарите во однос на сигурноста и безбедноста на работата би се третирале како службени лица кои извршуваат обврска за и во име на граѓаните. Таа одредница треба да ја имплентираме имајќи предвид дека сите ние во регионот целиме да бидеме членки на Европската унија, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери на Регионална конференција за „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан”.

Ова е прва ваква конференција во регионот на која учествуваа претставници на новинарските здруженија на Северна Македонија, Црна Гора, БиХ и Србија,. Свои обраќања, освен Џафери, имаа и претседателот на Собранието на Црна Гора Алекса Бечиќ, потпретседателот на српскиот Парламент, Радован Тврдишиќ и претставникот на Собранието на БиХ, Лазар Продановиќ.

Џафери во изјавата за медиумите истакна дека донесена е одлука оваа конференција да биде трајна и ротирачка на годишно ниво, по редослед што дополнително ќе се одреди.

-Впрочем, од претходниот мандат и од овој, мојата определба како претседател на Собрaнието било и ќе биде дека ова е дом на граѓаните и дека треба да направиме се тоа и во пракса да се реализира, дали преку медиумите дали преку лична комуникација. Таа поддршка ја имам од сите пратенички групи во Собранието и ќе настојувам тоа да биде така, изјави Џафери.

На регионалната конференција беше потпишана заедничка Декларација со напомена дека овој состав во наредниот состав треба да се прошири со Албанија и Косово.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија Младен Чадиковски истакна дека овие напори што сега се преземаат со четирите земји се во насока на тоа да се држат институциите будни секогаш и постојано.

-Да не заборавиме никогаш колку е важно слободната мисла за фунционирањето и на парламентите и на медиумите, а со тоа и едните и другите да можат да ја остваруваат фунцијата за која што постојат а таа е верно да им служат на граѓаните секој во својата дејност. Пратениците да си ја земат во свои раце моќта што ја поседуваат за да може да креираат добри закони во функција на добри јавни политики а ние медиумите на најдобар можен начин да бидеме чувари на демократијата и да можеме слободно и непристрасно да известуаме и за сите и проблеми и малформации во општествата во кои живееме бидејќи нашата основна функција е да бидеме добронамерен критичар на секоја влада и на секоја власт за да можеме работите да ги менуваме на подобро, рече Чадиковски.

Чадиковски истакна дека очекуваме многу скоро да бидат изгласани измените на Кривичниот законик со кои нападите врз новинари ќе се гонат по службена должност, практично како да се тоа напади врз службени лица.

-Тоа во многу ќе ја олесни работата на обвинителствата и судовите во однос на нападите врз новинарите односно ќе ја намали неказнивоста на насилниците. Ова е прашање кое е важно и во другите земји кои се тука присустни. Со нив исто така разговаравме. И се надеваме дека ова е една унифицирана законска регулатива која ќе придонесе за намалување на нападите врз новинарите. Солидарноста во новинарскиот свет е многу значајна и токму заради тоа решивме и функционираме на ваков начин ние и здруженијата на новинарите од Западен Балкан, рече Чадиковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.