Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секуловски: Потребен е нов закон за Медиумската информативна агенција – МИА

0
By Ivana on November 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потребен е нов закон за Медиумската информативна агенција – МИА со цел таа да биде во надлежност на Собранието по примерот на МРТ, а не во рамки на Владата, како што е тоа сега случај, истакна денеска извршниот директор на Здружението на новинарите на Македонија Драган Секуловски.

Секуловски во своето обраќање на Регионалната конференција на тема „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан” посочи дека во рамки на овој проект на здруженијата на новинари од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина е изработена анализа, и оти во Северна Македонија се идентификувани седум закони што е потребно да се усогласат со ЕУ.

-Со инклузивен процес на консултации измените на овие неколку закони ќе се воспостават системски решенија преку кои ќе се зголеми безбедноста на новинарите, ќе се придонесе кон политичка и финансиска независност на Македонската радио телевизија, како и на медиумскиот регулатор, рече Секуловски.

Според анализата која ЗНМ ја изработи оваа година за проценка на законите кои ја засегаат работата на новинарите, идентификувани се седум закони што е потребно да се изменат и усогласат со праксата на ЕУ, а како клучен закон на кој Собранието треба да стави акцент е измената и дополнувањата на Кривичниот законик.

-Измените во овој закон кој се веќе во собраниска процедура им дава на медиумските работници посебен статус преку кој идните закани и напади кон нив и нивни блиски членови од семејството ќе бидат гонети од страна на основното јавно обвинителство по службена должност. Исто така казните за напаѓачите ќе бидат зголемени, а ефектот од ова кој се очекува е проактивност од обвинителството во делот на безбедноста на новинари со што ќе се подобри политиката на неказнивост како и ќе се демотивираат идните напаѓачи да ги прекршуваат правата на новинарите, рече Секуловски.

Втор еднакво важен закон што се очекува да ја подобри работата на МРТ, како и на Агенцијата за медиуми, како што кажа, е спроведување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во делот на избор на членови на Програмскиот совет на МРТ односно на Советот на АВМУ.

-Да потсетам дека и Европската комисија неколкупати во своите годишни извештаи ова го посочува како проблем и затоа е крајно време парламентот на Република Северна Македонија да демонстрира капацитет да го направи изборот во овие две, за медиумскиот простор, важни тела, рече Секуловски.

Тој потенцира дека потребни се измени и во Изборниот закон и тоа во делот на медиумската кампања.

-Моменталното решение предвидува платена политичка програма во која речиси четири милиони евра се внесуваат во медиумите за партиска пропаганда. Ова се огромни пари кои влијаат на кревкиот пазар и генерално на уредувачката политика на медиумите на долг рок. Посебен проблем е платената партиска кампања во онлајн медиумите каде буквално не постојат критериуми што создава, пак, можност за плаќање на неетички медиуми, медиуми кои немаат импресум и медиуми кои работат за задоволување не на јавниот интерес туку на партискиот, рече извршниот директор на ЗНМ.

Останати закони кои е потребно да се земат предвид во текот на наредната година се исто така и законот за авторско право со измени кои ќе придонесат кон штитење на авторското право на медиумските работници и ценење на нивниот труд, како и нов закон за Медиумската информативна агенција – МИА со цел таа да биде во надлежност на Собранието по примерот на МРТ, а не во рамки на Владата, како што е тоа сега случај.

-Подобрувањето на овие закони не само што ќе даде некои системски гаранции за унапредување на новинарската професија и подобрување на медиумската независност туку индиректно преку овие промени на долг рок ќе се даде шанса граѓаните во нашата земја да бидат подобро информирани. Ова ќе ги подобри внатрешните демократски капацитети во земјата, но и ќе го подобри имиџот на Република Северна Македонија надвор пред останатите земји, но и пред Европската Комисија во поглед на евро-интегративните процеси дека има капацитет да се грижи за слободата на изразување и правото на информирање, истакна Секуловски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.