НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Енормното аерозагадување закана по здравјето за граѓаните на Кичево

0
By НОВА ТВ on November 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кчево иако не е најголемиот град во земјава, сепак е помеѓу водечките градови според аерозагадувањето. Нема ден а овој град да не биде на врвот или при врвот на градови со најзагаден амбиентален воздух. Хронично болните и децата се потешко го поднесуваат загадениот воздух, иако би сакале во текот на денот да излезат и да се прошетаат а, таква желба имаат и пензионерите, кои поради високото аерозагадување и претпазливост од Ковид-19, најголемиот дел од времето го поминуваат дома.

– Имам проблеми со срцето и дишењето, кога воздухот е многу загаден препорачано ми е да не излегувам на отворено и да не го дишам овој високозагаден воздух. Откако последните десетина години живееме во град со енормна загаденост на воздухот, верувајте секоја година барем во два наврати морам да се лекувам од грип или респираторни проблеми, вели Томе Вељаноски, постар жител на градот.

Интензивната станбена изградба во Кичево што се случува последните години и миграцијата село-град, придонесоа градот да биде премногу урбанизиран, без природните ветришта кои можат да помогнат за намалување на аерозагадувањето а, секако главен причинител за овие високи параметри е затоплувањето на домовите со тврди и течни горива.

– Сè додека не дојде гасот, градот ќе бележи високи вредности на аерозагадување во есенско-зимските месеци, кога над 80 проценти на граѓаните домовите ги затоплуваат со дрво, отпаден материјал, прегорено масло или нафта. Ако има уште една акција на државата за набавка на поголем број на инвертери од досегашните 800, тогаш за очекување е барем за 30-40 проценти да се подобри квалитетот на амбиенталниот воздух и во месеците кога состојбата е најтешка, а тоа е гаранција за поздраво население во текот на целата година, вели екологистот Коце Наумоски.

Од јавното здравство посочуваат дека бројот на заболени од грип во текот на грејната сезона редовно бележи драстичен пораст.

Дека аерозагадувањето на Кичево е големо потврдуваат и денешните мерења, според кои Кичево е лидер во земјава, слични показатели имавме и во претходните денови и недели.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.