Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството ѝ ги предаде на Бугарија доказите за истрагата за автобуската несреќа

0
By НОВА ТВ on November 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 27, 2021 11:45

ДНК профилите за идентификацијата на жртвите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, заедно со записници за испитување на осум сведоци, како и целокупната документација за автобусот од компанијата Беса Транс и Министерството за транспорт, денеска се предадени на бугарските обвинители, од страна на Јавното обвинителство за Република Северна Македонија.

Државниот јавен обвинител Љубимир Јовески, на заедничка прес-конфернеција со бугарските обвинители во Скопје, рече дека се обезбедуваат и други докази, а се продолжува и со сослушување на други лица кои може да дадат сознанија за расчистување на трагичниот настан.

– Сакам да ја нагласам професионалната соработка што ја имаме со колегите од Бугарија. Наидовме на целосно разбирање кај обвинителството на Бугарија и веќе од утре двајца наши експерти од Судска медицина ќе заминат за Софија со цел забрзување на постапката за идентификација и предавање на телата на нивните семејства, реле Јовески.

Во ОЈО Скопје, Јовески посочи, дека е отворен предмет за Беса Транс и овие податоци што ги собираат на барање на бугарските обвинители, во исто време ги користат и во делот на тој предмет, а со цел на расчистување на сите ситуации поврзани со несреќата, од документација за автобусот до тоа како тој ги поминувал границите.

-Ние ги прибираме потребните документации, а потоа ќе донесеме соодветна одлука. Веднаш по сообраќајната несреќа документацијата од команијата Беса Транс е одземена. Ве уверувам за било кое лице доколку има основ, Обвиниелството ќе отвори постапка, изјави Јовекси.

Истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија, Младен Христов Петров, на почетокот изрази сочувство за семејствата на жртвите и посочи дека блиската меѓусебна соработка, постојана комуникација и постојаната деноноќна работа од моментот на несреќата до сега, овозможиле за брзо време да се дојде до солидни резултати и можност за брза идентификација.

-Благодарам за напорната работа на ЈО на Северна Македонија, добрата соработка со Вилма Рускоска и професионалната соработка на сите структури од МВР, Министерството за транспорт и од Судска медицина, што овозможи за брзо време да располагаме со многу докази и во име на човештвото да скратиме многу бирократија. Придржувајќи се кон законот и прописите да се вратат телата за да бидат погребани, изјави Петров.

Петров, посочи дека се работи на сите верзии кои не се отфрлени, но бидејќи несреќата е голема и се собираат многу докази, во ваква ситуација истрагата треба да продолжи и не може да се даде дефинитивна верзија за причините за несреќата.

-Сопственикот на фирмата е сослушан во раните часови. Со него интензивно се соработува на територија на Северна Македонија и тој е достапен на надлежните институции, изјави Петров.

Заменикот окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник, Бисер Јорданов Михајлов, изразувајќи сочувсто на роднините на жртвите, посочи дека координацијата меѓу судските и државните власти на двете земји и меѓусебната соработка е на високо ниво.

-Откако се случи несреќата, институциите постојано соработуваат и работата на расчистување на случајот. Ќе продолжиме со исто темпо и по ДНК анализата телата ќе бидат вратени во најбрз можен рок, изјави Михајлов.

Прашан дали патот и лошата сообраќајна сигнализација се можни причини за несреќата, Михајлов рече, дека откако ќе бидат завршени сите анализи и експертизи, тогаш ќе може да имаат конечен одговор дали лошата сигнализација е некаква причина за сообраќајната несреќа.

За истото, Петров, изрази уверување дека сите претпоставки и прашањата што се поставуваат во медиумите се проверуваат и дека моментално експертската служба за пожари работи и очекуваат да ги утврдат причините за избувнување на пожарот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.