Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова кампања „ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор

0
By НОВА ТВ on November 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 29, 2021 07:44

„Не постои резервна планета“ е слоганот на новата кампања „„ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор, што ќе ја промовираат денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во државава Дејвид Гир и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров

Целта на кампањата е да ја подигне свеста за Европскиот зелен договор и неговата клучна цел – да достигне нето нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент.

Северна Македонија се обврза да работи кон оваа цел за 2050 година заедно со Европската Унија преку Зелената агенда за Западен Балкан, одобрена од лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Софија во 2020 година. Кампањата повикува на силна политичка посветеност и итна акција на сите нивоа бидејќи времето истекува.

Климатските промени и деградацијата на животната средина, како што посочуават од канцеларијата на ЕУ во земјава, се егзистенцијална закана за регионот, Европа и светот. Овие закани бараат итен и амбициозен одговор и секој од нас може да направи разлика со вклучување. Затоа што иднината на сите нас зависи од здрава планета. Европската унија ја презеде водечката улога во глобалната борба против климатските промени и го постави Европскиот зелен договор како план за трансформација на Европа, вклучувајќи го регионот на Западен Балкан на климатски неутрален континент до 2050 година.

-Кампањата „ЕУ со ТЕБЕ“ за Европскиот зелен договор поставува „Музеј на иднината“ како потсетник за тоа што може да се изгуби во текот на нашиот живот поради климатските промени и деградацијата на животната средина. Тоа е повик за будење за потенцијалното губење на најсуштинските работи на планетата, како што се свежата вода, чистиот воздух, но и на локално скапоцените продукти како што е познатиот домат – Јабучар за Северна Македонија, Затоа, кампањата повикува на силна политичка посветеност за ублажување на климатските промени, спречување на загадувањето, заштита на биолошката разновидност, промовирање на одржливо земјоделство и производство на храна, декарбонизација на енергијата и транспортот. Разликата може да се направи само преку иницијатива и акција – и на национално и на локално ниво. Европската унија може да помогне со нудење експертиза, совети и со значително финансирање во рамките на инструментите со кои располага. Во оваа „трка до нула“, потребно е секој да стигне до целта и потребно е секој од нас да придонесе за Европскиот зелен договор да стане реалност, велат од Канцеларијата на ЕУ во земјава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.