Веста дека во тетовско Камењане ќе биде отворена кафеана за жените, а која предизвика различни реакции кај полошката јавностс, денес стана реалност.
На свеченото отварање на оваа кафеана учествуваше споругата на американскиот амбасадор во Скопје, Мери Џо Волерс, градоначалникот на Општина Боговиње Хазби Идризи, градоначалници од тетовскиот регион, новоизбрани пратеници како и многумина други гости.
„Овој локал ќе служи како клуб за жените и оваа иницијатива има за цел да ги мотивира жените во нивните бизниси”, истакна градоначалникот на Општина Боговиња, Хазби Идризи.
за отворање на ова кафуле се добени како грант на УСАИД за поддршка на жени претприемачи, при што Медина Синани е помогната да го започне овој нов бизнис. Во кафеаната ќе бидат вработени неколку овдешни жени и таа ќе им пружи бизнис услуги на жените од овој крај.
„Оваа кафеана ќе биде место за средба на овдешните жени, ќе ја помага нивната социјализација и нивното бавење со бизнис надвор од нивните домови. Во овој простор ќе бифат изложени домашните производи на жените од овој крај”, вели Медина Синани.
Сопругата на американскиот амбасадор, Мери Џо Волерс ја подзрави оваа иницијатива.
„Се надема дека оваа кафеана ќе отвара нова подобрa перспектива за подобрување на животот на жените. Во име на американскиот народ, УСАИД доприенсува во подобрување на животот на жените во цела Македонија. Ние сме ги помагале жените во основање и проширување на нивните бизниси, со цел да се слушне и нивниит глас. Ова не е место каде што ќе се понуди само кафе или колаче, туку ќе биде место за средби, за размена на идеи, место каде што ќе може да го следиме успехот на самовработените жени”, потенцира Мери Џо Волерс




