Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Повеќето телевизии немаат јасно осмислен концепт за програмите за деца

0
By НОВА ТВ on November 29, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: emerging-europe.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 29, 2021 12:56

Повеќето телевизии немаат јасно осмислен концепт за тоа на кој начин, преку кои програми им се обраќаат на децата и не водат сметка за тоа својата идна публика да ја култивираат од мали нозе, беше заклучено на денешната дебата „Анализа на родовите аспекти во ТВ програмите за деца: Градиме ли критичка свесност кај децата?“, на која беа презентирани наодите од истражувањето „Анализа на родовите аспекти во програмите за деца на националните терестријални телевизии“ изработено од Институт РЕСИС за АВМУ.

Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, посочи дека клучните забелешки од анализата се дека јавниот сервис води планирана и осмислена програмска политика во однос на детската популација, но, како што додаде тој, оваа констатација многу повеќе важи за МРТ1, отколку за МРТ2 – програма на албански јазик, затоа што на овој сервис програмата за деца само делумно го има потребниот вариетет.

– Во однос на програмите на комерцијалните терестријални телевизии на државно ниво наодите не покажуваат дека не постои осмислен и внимателен уредувачки пристап во изборот на емисии наменети за различни возрасни сегменти на малолетната публика, при што има многу помалку емисии за деца отколку кај јавниот сервис. Најмногу емисии за деца беа емитувани на ТВ Сител, па Канал 5, на ТВ Телма емитувани беа само неколку изданија на една емисија, што во извесна мера важеше и за ТВ Алсат М, а ТВ Алфа во анализираниот месец воопшто немаше емитувано емисии за деца, наведе Трајчевски.

Директорот на АВМУ истакна дека недостигот од концепција се потврдува и во прикажувањето на родовите улоги.

– Во играните програми од домашно производство доминираат серии во кои се емитираат патријархалните сфаќања за родовите улоги на општеството од 19-тиот век, а при тоа недостигаат емисии со современи гледишта во кои родовите прашања се третираат од либерална позиција. Од друга страна, играните програми од странската продукција се преземаат без да се има предвид дали се тие дел од некаква франшиза, продажба на кукли, видео-игри, детска школска опрема и други производи со што кај децата се развива конзумеризмот. Овие емисии изобилуваат со тешко достижни идеализирани прикази на женските и машките тела, нагласи Трајчевски.

Тој потенцираше дека анализата донела и показатели за родовите аспекти во музичките, разговорните и мешаните емисии за деца, како и конкретни препораки за јавниот сервис и за комерцијалните телевизии.

– Во овој општ сублимат на анализата може лесно и едноставно да се пронајде и одоговорот на поставеното прашање „Градиме ли критичка свесност кај децата?“. Прашањето може и да се парафразира – „Дали медиумите градат од младата публика јавност која е критички свесна и медиумски писмена?“, иако се имаат предвид резултатите од ова истражување наједноставниот одговор би бил негативен, тоа не значи дека прашањето треба да се игнорира, туку напротив треба почесто да се поставува, заклучи директорот на АВМУ.

Истражувачот од Институтот за истражување на општествениот развој – РЕСИС Игор Мицевски нагласи дека медиумската писменост не треба да биде разбрана како ништо друго, туку како техника на деконструкција која ги изложува на постојан притисок конструираните односи на моќ во јавните сфери – дестабилизација на нивната стабилна форма, потрага по нивното потекло и разобличување на нивното неутврдливо значење.

– Она што се обиде ова истражување да го направи е всушност истиот деконструктивен процес којшто треба да го прави медиумската индустрија, чинителите во медиумската политика, но и семејните состави дома, образовниот систем, постојано да ги деконструрира создадените продукти и постојано да го предизвикува нивното значење на ваков начин. Не од некоја конкретна вредносна позиција, туку постојано лизагајќи го значењето и поставувајќи го прашањето А зошто мислиш така?, истакна Мицевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.