Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип вчера ја лишиле од слобода Д.Ц.(49) од Штип.
При претрес извршен со судска наредба во нејзиниот дом, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени 13 пакувања прашкаста материја и предмети кои потекнуваат од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.
– Д.Ц. е приведена во полициска станица и по комплетно документирање на случаите, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението од МВР.