НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО ЗАГРИЖЕНА: Некои земји претерано реагираат на варијантата омикрон

0
By НОВА ТВ Balaban on November 30, 2021 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Досега не се пријавени смртни случаи поради варијантата омикрон, иако СЗО вели дека таа варијанта на коронавирус претставува висок ризик за нагло зголемување на бројот на заразени.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изрази загриженост поради претераната реакција на некои земји на појавата на варијантата омикрон, додавајќи дека наметнатите ограничувања можеби не се неопходни и дека со нив неправедно се казнуваат африканските земји.

– Добро ја разбирам загриженоста на сите земји да ги заштитат своите граѓани од варијанта што сè уште не ја разбираме целосно, рече шефот на СЗО.

Гебрејесус додаде:

– Подеднакво сум загрижен што некои земји-членки воведуваат поопшти мерки кои сами по себе не се засновани на докази и само ќе ги зголемат нееднаквостите.

Првпат забележана во Јужноафриканската Република пред една недела, варијантата омикрон предизвика глобален аларм, доведе до забрана за патување и дополнително покажа разлика помеѓу масовната вакцинација кај богатите и ниските вакцинации во сиромашните земји.

Обраќајќи се на состанокот зад затворени врати, лидерот на СЗО апелираше до 194 земји-членки да се придржуваат до „рационални и пропорционални“ мерки, пишува на веб-страницата на СЗО.

Сè уште има повеќе прашања отколку одговори за сериозноста на варијантата и ефективноста на вакцината, рече Тедрос.

Досега не се пријавени смртни случаи поради варијантата омикрон, иако СЗО вели дека таа варијанта на коронавирус претставува висок ризик за нагло зголемување на бројот на заразени.

– Уште еднаш им благодарам на Боцвана и Јужноафриканската Република што толку брзо ја открија, секвенционираа и пријавија оваа варијанта, рече Тедрос.

– Длабоко загрижувачки е што другите сега ги казнуваат тие земји затоа што ја направиле вистинската работа, рече тој.

загриженост претерана СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.