НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дополнители избори, најверојатно по три месеци

0
By Нова ТВ on June 3, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По исцрпувањето на целата листа, Собранието може да распише нови избори, а целата процедура може да заврши за најмногу три месеци, но и порано, објаснува за Радио Слободна Европа, професорот по уставно право Светомир Шкариќ.

Со поднесувањето на оставките од страна на опозицијата се разрешува дилемата што понатаму, категоричен е професорот по уставно право Светомир Шкариќ. Откако Собранието ќе ги констатира оставките, ја известува Државната изборна комисија за бројот на празни пратенички места, по што, пак, комисијата им предлага на останатите од листата да се изјаснат дали ги прифаќаат местата. По исцрпувањето на целата листа, Собранието може да распише нови избори, а целата процедура може да заврши за најмногу три месеци, но и порано, објаснува Шкариќ.

Опозицијата е тука цврста и јасна, се откажува од пратеничките мандати, нивните оставки се морално-политички чин, никој не смее ни да праша зошто, не смее да ги оспорува, тоа е нивна лична волја и со тоа на парламентарното мнозинство му прави голема услуга. Тоа може да ги преземе сите дејствија предвидени со Изборниот законик за пополнување на тие места.

Парламентарното мнозинство треба да постапи според изборниот законик, претседателот на Собранието овластен за распишување на изборите треба да ги преземе потребните дејствија, за да може Собранието да работи во полн состав после два месеци. На дополнителните избори може да се јави секоја партија или независни кандидати, објаснува Шкариќ. Ако од опозицијата не се јават на тие избори, ќе се јават други партии од владејачкото мнозинство и пак ќе се пополни Собранието. А дали и каква опозиција ќе имаме по изборите, дали таа ќе биде квалитетна или декорна е друго прашање, вели Шкариќ.

„Ако нема опозиција, односно ако нема пратеници што ќе ги запираат одлуките или предлозите на парламентарното мнозинство, тогаш може да се очекува дека ќе има лоши закони, владата ќе биде неконтролирана, а неконтролирана влада е секогаш неодговорна влада“, вели тој.

Шкариќ порачува дека моменталната ситуацијата е јасна и недвосмислена, но само доколку, како што вели, парламентарното мнозинство има совест и не сака да создава правни проблеми и компликации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.