НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здружението „Заедно посилни“ Скопје со кампања за Светскиот ден на СИДА

0
By НОВА ТВ Balaban on December 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 1 декември, ќе биде откриен мурал на зградата на Кинотеката на Република Северна Македонија, како спомен-обележје кое со уметнички пристап ќе ги репрезентира луѓето што живеат со ХИВ преку ликот на музичарот Фреди Меркјури.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ Скопје, како организација на самите лица засегнати од овој вирус, и оваа година организира активности за намалување на стигмата и дискриминацијата поврзани со ХИВ.

Кампањата ги содржи следниве елементи:

1. Концептуален перформанс / флеш-моб со цел подигнување на свеста за ХИВ, предизвикување на митовите и поттикнување поддршка кон луѓето што живеат со ХИВ. Перформансот ќе се одржи на шест локации низ главниот град (ул. Македонија, плоштад Македонија, ГТЦ, East Gate, Vero Jumbo и City Mall) каде, во определено време, без претходна најава ќе се појават на сцена учесниците во перформансот. Перформансот ќе биде изведен од 15 танчери според кореографија осмислена и режирана од Ивана Балабанова и костимографијата од Евгенија Зафировска. Во времетрање од 10 минути (на секоја локација)  изведбата ќе ја пренесе пораката „Вирусите не дискриминираат, луѓето да!“. Видео-материјал од настапите ќе биде споделен преку социјалните медиуми.

3. Муралот е препознатливо обележје на урбаната уметност, кој испраќа порака на секој случаен минувач. На 1 декември, ќе биде откриен мурал на зградата на Кинотеката на Република Северна Македонија, како спомен-обележје кое со уметнички пристап ќе ги репрезентира луѓето што живеат со ХИВ преку ликот на музичарот Фреди Меркјури. Ова дело ќе ја симболизира „премолчената вистина“ и исто така ќе ја пренесува пораката „Вирусите не дискриминираат, луѓето да!“. Авторот на ова дело е Дејвид Стоилковски – Молерај.

4. Проекција на филм – веднаш по откривањето на муралот во Кинотека на Р.С. Македонија ќе биде прикажан филм за Фреди Меркјури, кој во своето сиже го разработува неговиот живот и опфаќа теми поврзани со ХИВ.

5. Вечерен настан за 1 декември. Со почеток во 21:00 часот, во Кинотеката на Северна Македонија ќе се одржи вечерен настан за одбележување на Светскиот ден на СИДА 2021, со добротворен карактер. Настанот ќе содржи музичка програма и изведба на перформансот. Покрај тоа, ќе биде промовиран новиот календар изработен од Здружението „Заедно посилни“ како дел од активностите поврзани со месецот на машко здравје. Со носечката порака „Посакуваните мажи се грижат за своето здравје секој месец во годината“ календарот се фокусира на сексуалното здравје кај мажите. Купувањето на календарот ќе биде еден од начините за донирање во фондот за поддршка на „Заедно посилни“. Средствата што ќе се соберат од добротворниот настан „Заедно посилни“ ги користи за помош на лица со ХИВ во исклучително неповолна социјална положба, преку покривање на трошоците за пат до Скопје заради здравствена контрола и подигнување терапија, како за обезбедување помош во основни прехранбени и хигиенски производи.

Активностите за одбележување на Светскиот ден на СИДА 2021 г. се овозможени со поддршката од Министерството за здравство – Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција за 2021 г., програмата Цивика Мобилитас и Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.

„Заедно посилни“ Светскиот ден на СИДА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.