Револтирани од, како што велат, непримерното и партиско делување на Антикорупциската комисија која ги премолчува вработувањата, рекламите и набавките среде изборна кампања, опозиционерите денес на пладне одржаа мирен протест пред седиштето на комисијата.
Се читаа и имотните листови на дел од пратеницитите и фунционерите од владејачката коалиција.
Податоците за имотот беа превземени од веб страницата на Државната комисија за спречување корупција.