НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напредок во разговорите за влез на Алтернатива во Владата, до крајот на неделава партиски консултации

0
By Ivana on December 2, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации во СДСМ и Алтернатива и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка влада. Со ваква најава, како и оценка дека е постигнат значителен напредок заврши вчерашната, трета по ред средба, на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши, во рамки на разговорите за можно приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.

-На средбата е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се и идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт, информираа во соопштение од Владата.

Разговорите, посочија во соопштението, продолжуваат водени од аспирациите за европската агенда на државата и од потребата за испраќање јасни пораки кон  граѓаните и кон ЕУ за посветеноста во европеизирањето на Северна Македонија, за унапредувањето на економскиот стандард и квалитетот на живот на граѓаните.

Можната заедничка влада, како што наведоа, ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без заддршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели на Република Северна Македонија.

На четиричасованата средба што се одржа вчера во Клубот на пратениците премиерот Заев беше придружуван од заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и кандидат за лидер на СДСМ, а лидерот на Алтернатива Гаши од партискиот генерален секретар Беким Сали.

Заев и Гаши имаа средба и во понеделникот, кога, како што информираа во заедничко соопштение, начелно бил договорен програмскиот дел од можната идна соработка на Алтернатива во Владата и дека консултациите за кадровските решенија се во тек. Тие првата средба ја одржаа на 19-ти месецов  кога разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.

Разговорите за евентуално ново парламентарно мнозинство и за влез во Владата на Алтернатива која има четворица пратеници, уследија по неуспешната иницијатива во Собранието од страна на опозицијата
за гласање доверба на Владата и повлекувањето на Беса од владиниот кабинет. И Алтернатива беше дел од опозицискиот блок потпишанз а гласање недовреба на Владата, но Централното претседателство на партијата минатиот петок го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза. На седница на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа истиот ден, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата што ја даде лошите изборни резултати на локалните избори, но му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.