Поднесени се 36 независни кандидатски листи за градоначалници, и 100 за советници до ДИК. Jавен увид во Избирачкиот список направиле 42.747 граѓани.
Независни кандидатури за градоначалници поднеле Зоран Македонски за Делчево, Виктор Цветковски за Куманово, Горан Стојановски за Старо Нагоричане, Зоран Новаковски за Дебарца, Витомир Велковски за Струга, Васил Радиноски за Вевчани, Ибраим Колари за Дебар, Мазлум Хасан за Центар Жупа, Силвана Спасова за Конче, Горан Паунов за Карбинци и Ристе Андонов за Свети Николе.
Дури тројца независни кандидати поднеле листи за градоначалник до Државната изборна комисија за Лозово, и тоа Трајче Георгиевски, Слободан Јовановски и Горанче Велков.
Бесник Телаи поднел независна кандидатура за Чаир, Јован Пејковски и Киро Пирковиќ за Чучер Сандево, Басри Бајрами за Арачиново, Бошко Дилберовски за Петровец, Борче Гиевски за Зелениково и Дејан Андоновски за Чашка.
Зоран Бојковски, Борис Давидов и Панчо Минов, тројцата од Кавадарци собрале потписи и имаат доставено кандидатури за градоначалник до ДИК.
Зоран Лазаровски Паљо и Јорго Огненовски се независни кандидати за градоналаници за Битола.
Кандидатури за градоначалници за Могила поднеле Љубе Простиженовски и Стево Пивковски и за Ресен Димитар Бузлевски, поранешен член на СДСМ.
Седдумина од оние кои започнале со собирање потписи, не успеале да го направат тоа или се откажале.
Според информациите од Државната изборна комисија, за советници поднесени се 100 листи. Најмногу има за Македонски Брод, дури петнаесет, за Охрид осум, шест за Петровец и за Кавадарци, и по пет за Конче и за Лозово.
Рокот за поднесување на листите на кандидати за членови на советот и за градоначалници од партиите завешува на 16 февруари на полноќ.
Jавен увид во Избирачкиот список извршиле 42.747 граѓани, досега најмногу во Охрид и тоа 3.421, потоа во Кичево 2.723, во Карпош 2.367 и Прилеп 2.205.