НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светските државници одбележуваат 70 години од истоварувањето во Нормандија

0
By Нова ТВ on June 6, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светските великани денес се собрани на плажите на Нормандија за да им оддадат почит на војниците кои учествуваа во ослободувањето на Европа од фашизмот пред 70 години.

Домаќин на настанот на францускиот претседател Франсоа Оланд а помеѓу гостите се американскиот претседател Барак Обама, Британецот Дејвид Камерон, Германката Ангела Меркел и други државници од околу 20 земји. Заедно со нив на свеченоста учествуваат 1800 ветерани од Втората светска.

Но, за време оваа свеченост светските медуими со големо внимание го следат доаѓањето на прославата на рускиот претседател Владимир Путин. Меѓународната заедница го изолираше Русинот откако Русија направи анексија на Крим. Вчера во Брисел се одржа средба на индустријализираните земји од групата Г7 на која Путин не беше поканет. Така што неговото денешно доаѓање во Франција е премиера од настаните на Крим.

Прашањата што си ги поставуваат медумите се дали Обама и Путин ќе разговараат, дали ќе се поздрават Путин и украинскиот претседател Петро Порошенко кој е исто присутен во Нормандија.

Украинското прашање беше отворено синоќа на вечерата што за Путин ја организираше неговиот домаќин Оланд. Според шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус, Оланд му рекол на Путин дека во Украина се случува практично војна и запрашал како може да се помогне да се воспостави прекин на огнот, како да се помогне на економски план и како да се реши конфликтот со гасот. Путин признал, вели Фабиус, дека тој може да има извесно влијание но не целосно. Тој потсетил дека за референдумот на Крим на 11 мај тој повикал оваа консултација да не се одржува во локалните власти не го послушале.

Церемонијата во Нормандија беше отворена во 9 часот сабајлево со оддавање почит на 20.000 цивилни жртви на битката на Нормандија а потоа сите државници заминаа на американските гробишта каде се закопани 10.000 војници во Колвил-сур-Мер.

Главниот настан е закажан за попладне на плажата Сворд Бич во Оијстерхам каде што ќе биде присутна и англиската кралица.

Синоќа на нормандиската обала имаше огромен огномет за да се обележи доаѓањето на 130.000 војници на 6 јуни 1944 година. Битката од Нормандија однесе 37.000 животи од страната на сојузниците додека од германска страна загинаа 50-60.000 војници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.