Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Машинеријата на власта ја држи целата јавност заробена во лага

0
By Томе Христов on June 7, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 7, 2014 16:02

Сто пати кажана лага станува вистина е стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ која веќе и е многу добро позната на јавноста. Деновиве медиумите Курир, Нетпрес, Прес24 кои се под директна контрола на власта преку добро познатата тактика без потпис на новинар или уредник ги поставуваат лажните тези за Глобал, а националните медиуми како МТВ, Сител, Алфа, Канал 5 и неколку днневни весници ја шират невистинитата приказна со цел да допре до повеќе граѓани, изјави денеска градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

„Ова е доказ за вкупната режимска контрола на Власта која ја уништува не само слободата на медиумите туку преку ваквиот механизам, може да постави целосни невистини и да ги пласира на јавноста како апсолутни вистини. Машинеријата на власта ја држи цела македонска јавност заробена во лага, а дел од таа лага е и случајот Глобал, вели Заев.

Струмичкиот градоначалник вели дека истите тие кои не објавиле ниту збор за аферата со продажбата на Македонска банка сега се фокусирани со Глобал кој како што вели е чист како солза, а сакаат да го прикажат во поинакво светло за по којзнае кој пат го нападнат угледот и честа на Заев.

„ Ваквото сценарио не треба да ве изненадува, во држава во која за 2000 евра експресно се осудува неистомисленик на една година затвор, а за „убиство“ на пешачки премин на свој близок човек му се изречува пресуда од само шест месецизатвор и тоа дури по шест години од стореното дело. Поинаков епилог не може да се очекува, истакна Заев.

Според Заев медиумите објавуват тоа што ќе им биде наредено од власта а секој демант на општина Струмица и од СДСМ завршува во фиока. Тој додаде дека политичко – медиумска та формулација на спин – тезата дека самата легализација на Глобал е доказ сам за себе дека градбата била нелегална, едноставно не држи вода, затоа што истите луѓе по истото сценарио со политички мотиви го прогласија Глобал за нелегален.

„ Пред четири години Управниот и Врховниот суд потврдија дека Агенцијата за катастар на недвижнини е должна да го запише Глобал во катастарската документација. И покрај пресудата не го впиша одобрението со изговор дека имало претходно нерешено прашање, а тоа е дека имало денационализација на земјиштето на кое е изграден Глобал. Оваа година пред изборите мислејќи дека може да се променат работите во власта решија да го впишат актот за легализација и со тоа потврдија дека денационализација на земјиштето не постои.

Со тоа власта го обезбеди во моја полза крунскиот доказ за Глобал а тоа е дека денационализација немало ниту кога се градел Глобал ниту денеска кога е впишан во катастарот, потенцираше Заев.

Струмичкиот градоначалник додаде дека проектот Глобал е јавно приватно партнертство без ниту еден денар потрошени општински пари, 12-те милиони евра за изградба биле инвестирани од приватни партнери на општината, а за 8 милиони евра продадено деловен простор, за кој компании го инвестирале Глобал биле истите 8 милиони кои власта ги кажува како наводен криминалк на Заев.

Заев додаде дека општина Струмица има приход од 1.100.000 евра комуналии од овој проект во својот буџет какоо и 500 илјади евра данок на промет и дека општината е сопственик на затворениот пазар, деловен простор и 17 проценти од катната гаража. Во овој проект повеќе од 400 граѓани земаат плата потенцираше Зоран Заев.

На новинарско прашање за продажбата на Македонска банка односно дека премиерот Груевски во интервју за МИА рече дека не зел никакви пари, Заев рече дека одговорот е многу е многу едноставен.

„ Одговорот можам да го споредам со било која пракса во било кое семјство, каде што еден член од семејството договара одредена плата или здрелка а сосема друг член ги подига парите, со што не значи дека треба да биде ограден од било каква одговорност доколку тој договор оној што го склучил бил незаконит. Така да едноставен е одговорот е неговиот глас или не, односно дали договарал продажба на Мкедонска банка или не“, рече Заев.

Струмичкиот градоначалник уште еднаш ја потврди одлуката дека и по средбата со Штефан Филе дека опозицијата не се враќа во парламентот, се додека во земјата не владее слободата, демократијата и правото.

„ Легитимен е ставот на ЕУ опозицијата да се врати во парламентот, но неколку пати во името на иднината на земјата СДСМ и опозицијата се има враќано. За жал тоа е злоупотребено од страна на власта, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.