Published: Saturday, June 7, 2014 17:28
Кејот на реката Црн Дрим во Струга се повеќе наликува на мочуриште и остава грда слика и за граѓаните и за сѐ побројните туристи во градот, јавува телевизија Спектра.
На некои делови алгите и ресите по кејот на Црн Дрим растат надвор од мерките. На грдата глетка досега реагирале голем број граѓани и туристи.
Граѓаните бараат да се презмат мерки за расчистување на реката, бидејќи сите овластувања се во рацете на Хец Глобочица, која го остави Црн Дри на милост и немилост од природата.




