Потпретседателот на изборната комисија во општината Шуто Оризари физички бил нападнат од градоначалникот на општината Шуто Оризари Елвис Бајрам, јави ТВ 24 Вести.
Ова обвинување стигна од шефот на кабинетот на Неждет Мустафа од Обединетата партија за еманципација на Ромите.
Според неговата изјава настанот се случил кога Елвис Бајрам влегол во просториите на ДИК во општината Шуто Оризари и без никаква причина го нападал потпредседателот на општинската изборна комисија и му нанел телесни повреди, по што човекот бил пренесен во болница.
Еливис Бајрам инаку син на пратеникот Амди Бајрам не е достапен за медиумите за да ја потврди или демантира оваа информација.