НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Малиќи Груп“ станува холдинг со десет компании

0
By НОВА ТВ Balaban on December 15, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тој нè научи како треба да се раководи бизнисот, а истовремено да се цени и секој момент поминат со блиските, без разлика дали се пријатели или бизнис-соработници, изјави Албан Малиќи.

Десет компании на семејството Малиќи, од македонскиот и косовскиот пазар стануваат дел од холдингот „Малиќи Груп“. Од „Малиќи Груп“ на денешната промоција на компаниите посочија дека имаат план за развој, единствено работење, дигитализација и визионерство на сопствениците и на тимот.

Групацијата се состои од компании кои работат во регионот во областите од дистрибуцијата, недвижноститe и угостителството. Всушност, станува збор за компаниите „Gemak“, „Gekos“, „Maliqi Construction“ со странски инвестиции во „Rajana Engeneering“, „Hindenburg Germanija“, „Gemak Telecommunication Services“, „Enternet“, „Vala distributer“, „Parklend“, „Immoreks“, „Cactus construction“.

Албан Малиќи, директор и член на бордот на директори на денешната промоција ги запозна присутните со плановите и конкретните предлози за ангажманите во Холдингот, којшто, како што рече, им е оставен како аманет од нивниот татко Енвер Малиќи.

-Тој нè научи како треба да се раководи бизнисот, а истовремено да се цени и секој момент поминат со блиските, без разлика дали се пријатели или бизнис-соработници, изјави Албан Малиќи.

Алтин Малиќи, уште еден од сопствениците на компанијата и член на бордот на директори посочи дека досега овие компании, од различни сектори на бизнисот, дистрибуцијата, недвижностите и угостителството, функционирале како поединечни правни единки. Но, сега, како што рече, како дел од оваа Групација, меѓусебно ќе се координираат со цел да се отворат нови можности за прогресивен раст на компаниите.

– На овој начин веќе креираме иновативни бизнис-планови, кои досега не можеле сами да ги реализираат, но како Групација ќе освојуваат нови пазарни можности и работни проекти, додаде Алтин Малиќи.

Тој напомена дека многу важен сегмент од ова вмрежување на компаниите ќе биде дигитализацијата, со што ќе се унапреди оперативното работење на сите нивоа и ќе се подобри функционалноста на секоја од компаниите поединечно, но и на ниво на Групација.

Од „Малиќи Груп“ додаваат дека веќе ја ангажирале консултантската куќа, „Прајс Вотер Купер“, која правно и организациско ги реструктуира компаниите. Но, ангажирани се и експерти од областа на човековите ресурси и секако нови менаџмент сили кои заедно со постоечките ќе помогнат во овој процес. Ќе ги оптимизираат сите аспекти на работењето и ќе воведат стандарди што ќе овозможуваат раст и развој. Тие велат дека ќе ги оптимизираат сите аспекти на работењето и ќе воведат светски стандарди, коишто ќе овозможуваат раст и развој.

– Ние инспирираме напредок, лидерство и претприемништво. Се заблагодарувам на поддршката од целиот тим, од 400 вработени, тим со кој заеднички, во време на пандемијата со Ковид-19, во исклучително тешки две години, се обидовме да го испорачаме сето она што го планиравме. Транспарентното работење ни овозможи да оствариме годишен промет од 100 милиони евра само минатата година, истакна Резеарта Малиќи Салиу-директорка и член на бордот на директори на новиот Холдинг.

Семејството на Енвер Малиќи основа и Фондација која ќе го носи името на овој човек. Фондацијата ќе поддржува проекти од областа на образованието, културата и животната средина, а во соработка со Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Архитектонскиот факултет во Приштина, ќе доделат пет стипендии за најдобрите студенти во студиската година. Дополнително, договорена е и поддршка и за Филхармонија на РСМ.

– Фондацијата „Енвер Малиќи“ ќе биде подадена рака за секој поединец, уметник, институција, здружение, коишто сакаат да направат промена во одредени сфери на живеењето, во земјава, и во соседно Косово. Ќе мапираме потребни проекти кои ќе бидат благодет за заедницата. Би сакале да промовираме и вредности за почитување на природата и ублажување на климатските промени. Потребна е индивидуална одговорност за благодет на целото општество, изјави Мевљуде Малиќи, сопруга на Енвер Малиќи и претседателка на Фондацијата.

Исто така, на денешната промоција на Холдингот беше промовиран и документарниот филм во чест на Енвер Малиќи, основачот на 10-те компании, во кој се говореше за неговиот живот и дела.

Премиерата на документарецот ќе се одржи и вечерва на МРТ2 во 20:00 часот и МРТ1 во 20:45 часот.

 

„Малиќи Груп“ холдингот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.