Претседателката на Уставен суд Елена Гошева на отворањето на денешната седница во судот побара снимателите да престанат со снимање.
Извор на НОВА ТВ кој инсистираше на анонимност потврди дека ваквата одлука не е донесена колективно, туку претседателката Елена Гошева самата одлучила снимателите да имаат ограничен пристап на седниците во судот.
Гошева вели дека снимателите можат да присуствуваат во судот и да земаат инсерти сѐ додека не почне расправата, а подоцна седниците се отворени само за новинарите со образложение дека „се попречува работата на судиите“.
Гошева смета дека таквата одлука воопшто не претставува ограничување на јавното информирање.
Ова е втор пат како Уставниот суд ја попречува работата на снимателите. Досега медиумските работници непречено ја информираа јавноста од седниците на Уставниот суд.




