Published: Wednesday, June 11, 2014 10:56
Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен со писмо до лидерот на ДУИ, Али Ахмети му се заблагодарам за средбата како и за ставови за време на неговата неодамнешна посета на Скопје.
„Ги поздравувам вашите силни и постојани ставови за процесот на евроатлантска интеграција и ја споделувам со вас надежта дека напредокот ќе се постигне набргу. Истотака бев заинтересиран да слушнам од вас околу вашите ставови за внатрешните збиднувања во вашата земја.
– Јас одлучно ги поддржувам сите напори за да се охрабри разбирањето помеѓу различните заедници во вашата земја како и за промоција на зачленувањето на земјата во НАТО Европската Унија“, стои во писмотот Расмусен до Ахмети.




